Исмаил за Груевски: Тој човек очигледно беше добро сервисиран од разни структури
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2022
Груевски беше сервисиран од многу страни и да изведе такво бегство не беше комплицирана операција, изјави екс министерот и активист Ѓунер Исмаил за екс премиерот Никола Груевски кој избега во Унгарија.
Тој вели дека „ќе дојде ден кога ќе се надмине срамот, кој што ни го приредија чудни луѓе советувани од чудни страни, од кои што некои не се тука.
„Тој човек очигледно беше добро сервисиран од разни структури. Не би се осмелил да кажам дека било дело на компромис, но ако еден ден се дознае дека имало и таков компромис, нема да бидам изненаден. Сега сепак не би бил сигурен дека е така. Знам дека беше сервисиран од многу страни и да изведе такво бегство од Скопје до Будимпешта не беше таква комплицирана операција“, рече Исмаил во гостувањето на емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
За Груевски рече дека избегал под чудни околности.