10 Мај, 2024
0.0246

Исплатени 1,2 милијарди денари субвенции за тутун

Објавено во: Агробизнис 15 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

1,2 милијарди денари субвенции, заклучно со вчера исплати  Министерството за финансии за произведен и продаден тутун од реколтата 2013 на над 27 илјади земјоделци.

Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 60 денари од произведен и продаден тутун.

Исплатени се субвенции на тутунарите кои предале тутун во десетте регистрирани откупни претпријатија како „Алајанс уан“, „Сокотаб Битола“, „Струмица Табак“, „Тутунски комбинат Прилеп“, „Центро тобако“, „Далија табак“, „Орбита табак“, „Пашоски“, „Томи-Мит Јака Тобако„ и „Кавекс Балкан“.