10 Мај, 2024
0.0261

Исплатени субвенциите и за градинарски култури

Објавено во: Агробизнис 19 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии исплати 77,6 милиони денари субвенции за одгледување градинарски култури. Корисници на субвенциите се 5.501 земјоделец, финансиската поддршка изнесува од 25 илјади до 30 илјади денари по хектар, во зависност од градинарската култура која се одгледува. Со оваа исплата покриени се субвенциите за земјоделците кои одгледуваат домат, пиперка, краставица, тиква, кромид, брокула, лук, лубеница, зелка, тиквичка и останати градинарски култури низ цела територија на Македонија. „Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, информираат од Министерството за финансии. Предизборно, Владата исплати најголем дел од субвенциите за земјоделството, а ова е и еден од најголемите трошоци во буџетот во предизборието. Исплатени се субвенциите за одгледување овци, тутунопроизводство и лозарство. На што се трошат пари во предизборниот период, повеќе на следниот линк: ПРЕДИЗБОРНИ ТРОШЕЊА: За месец и пол – буџетски дефицит од 141 милион евра!