Добивај вести на Viber
Раната исплата на субвенциите за тутун од ланската реколта ги изненади тутунари. Од денеска започнаа да се исплаќаат субвенциите, иако откупот сè уште не е завршен, а законскиот рок за исплата на субвенциите беше јуни.
Исплатата започнала најпрвин во прилепскиот и велешкиот регион.
Субвенциите изнесуваат 60 денари за секој килограм откупен тутун. Производството на тутун од ланската реколта се проценува на 30 милиони килограми, а е договорен откуп на 35 милиони килограми за откуп.