06 Мај, 2024
0.0231

Истрага на обвинителството: Неготинска фабрика им запирала рати на 135 работници без да ги уплаќа

Објавено во: Економија 19 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во Неготино поранешна голема фабрика уште од 2003 им сопирала рати за кредит на 135 работници, а не ги уплаќала во банка. Поранешните работници на неготинскиот индустриски капацитет сега се должници кај доверителот без своја волја, а Обвинителството за МИА потврди дека води истрага.

Станува збор за вкупна штета од 300.000 евра. Оштетените работници решиле да бараат правда преку надлежните државни органи. Од Обвинителство, потврдија за МИА дека бил поднесен обвинителен акт против едно раководно лице од поранешната фабрика. Акционерското друштво во меѓувреме заминува во стечај и  не работи од 2016 година.

„Во септември 2003 година првпат во животот зедов кредит од 180 илјади денари. Веќе во декември, од банката ми  реагираа дека доцнам со исплатата на ратите. Бев информиран дека за нередовноста ми тече затезна камата. Ѝ пишав на банката дека ми се појавија проблеми во врска со исплаќањето на потрошувачкиот кредит. Дека редовно земав плата и согласно на административна забрана, фабриката ми сопираше рата за кредит, но не ѝ плаќала на банката. Предложив да се смени начинот на плаќање на кредитот, па банката сама да си ги сопира парите врз основа на траен налог. Иако веќе го исплатив кредитот, поради тоа што фабриката не ги уплатила парите, банката сѐ уште ме задолжуваше со основица од околу 100 илјади денари. Дека сум на своевидна црвена листа на должници, сфатив кога отидов во штедилница, со намера да ѝ бидам жирант на колешка.“, револтиран е работник, кој  за МИА кажува  дека има документи дека редовно му се сопирани ратите за кредит на платата.

Друго лице кое го има истиот проблем,  вели дека при земањето кредити, дел од  работниците потпишале договори со триста евра депозит.

„Јас и мојот брачен партнер двајцата сме во ист кош, бидејќи и двајцата бевме вработени таму. Депозитот не ни е вратен, а секој ден ни расте камата, иако ратите за враќање на кредитот ни беа сопрени. Сега сме неподобни, кредитонеспособни, било каде да тропнеме за друг кредит. Не водат во „ш” категорија.  Случајот мора да се реши, осакатени сме. Има меѓу нас инвалиди на кои им требаат пари за лекови, невработени, греота е ова што ни го направија, некој мора да одговара за ова, ја бараме вистината и правдата“, нагласува за МИА.

Обвинителството потврдува дека по овој предмет е поднесен обвинителен акт на 5 декември 2019 година и во моментов е во фаза на одлучување по приговор на обвинетиот која стигнала до Апелационен суд во Скопје.

„Ве известуваме дека реакцијата на клиентите е резултат исклучиво на незаконитото постапување од страна на нивниот работодавач. Притоа, од таквото однесување на работодавачот директна штета трпи и Стопанска банка АД – Скопје која не ги има наплатено побарувањата по користени кредити од лица вработени кај овој работодавач“, гласи одговорот и на банката која во обој случај потврдува дека работодавачот е одговорен.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години