ИТАЛИЈА ДЕНЕС: Во еден ден починаа скоро сто луѓе
Објавено во: Свет 09 Март, 2020
Во Италија има 97 смртни случаи за само еден ден, а 1.797 новозаразени.
Во земјата од новиот коронавирус досега починаа 463 лица, односно 97 повеќе од вчера. Бројот на заразени се зголеми за 1.797 за 24 часа, така што вкупно 9.172 лица се заразени во земјата, вели италијанскиот комесар за здравство Анџело Борели.
333 луѓе починале само во регионот на Ломбардија, а заразени се 5.469.
Во болниците има 2.820 лица, од кои 440 се на интензивна нега.