02 Мај, 2024
0.0313

Итно да се решат злоупотребите со екстра лесното гориво, апсурдно е да се толерира со години

Објавено во: Економија 21 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Предлогот за изедначување на акцизата на нафтените деривати е за конечно да се стави крај на злоупотребите со екстра лесното гориво што со години се толерираат, а истовремено во услови на криза и кога сите само нешто бараат од буџетот, тој и да се наполни, смета претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Посочува дека тоа прашање треба под итно да се реши, бидејќи е апсурдно да се толерира со години.  

- Тука има елементи кои што зборуваат за не ефикасност на државната администрација и инспекциските служби затоа што се преполитизирани, пребукирани од луѓе и не ја вршат својата основна функција. Второ прашање е, дека секогаш имаат оправдување дека трошат градинките, пекарите и т.н. Ние ќе одиме со горива од 19-век што имаат илјада пати повеќе сулфати во нив од некое друго модерно. Треба ли ние да донесеме плин, наместо да носиме екстра лесно уште во такви количини, вели Азески.

Предлогот на Стопанската комора за изедначување на акцизата и со тоа укинување на можностите екстра лесното гориво или црвената нафта да се користи како погонско гориво, освен економски има и еколошки аспект.

- Екстра лесното гориво во еден килограм содржи 100 пати повеќе сулфур во споредба со еден килограм дизел гориво. Ако на пазарот во РСМ годишно се трошат приближно 50 илјади тони (приближно 60.000.000 литри) ЕЛ-1 гориво, а дел од овие колични (според некои истражувања на Светска банка дури до 90 проценти) наместо за греење се користи како погонско гориво, наместо 500 кг сулфур во атмосферата се испуштаат речиси 50 илјади килограми сулфур, се вели во предлогот од Стопанската комора.

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво, која сега е за девет денари помала од таа на дизелот се намалува и просторот за малверзации што е главен мотив за изигрување на Законот за акцизи и користење на екстра лесното гориво како погонско гориво.

- Користењето и употребата на ЕЛ-1 како гориво за греење во практиката е многу тешко да се контролира и во пракса често се изигрува Законот за акцизи, па од страна на потрошувачите се случува маслото ЕЛ-1 да се користи како погонско гориво, наместо како гориво за греење, се вели во образложението на предлогот од Стопанската комора.

Ваквите злоупотреби државата може да ги реши со изедначување на акцизата на овие две горива, што потоа ќе ја врати на оние корисници што ќе докажат дека го користеле екстра лесното гориво за законски утврдените цели.

Статистиката покажува дека годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од пет милиони литри. 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија