08 Мај, 2024
0.0247

ИВАНОВ НА ПОТЕГ: Ќе ги отпушти ли шефот на државата кочниците на Македонија?

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот Иванов кој досега одбиваше да му го предаде мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, сега има рок од десет дена тоа да го направи. Во неговиот кабинет стигна писмото во кое новоизбраниот шеф на Собранието Талат Џафери го известува за парламентарното мнозинство.

Иванов уште од пропаѓањето на преговорите на ВМРО ДПМНЕ и албанската ДУИ одби да му го даде мандатот на Заев, обвинувајќи го дека со прифаќањето на платформата на албанските политички партии во Македонија, го крши уставот и го нарушува единството на Македонија.

„Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери писмено денес го извести претседателот на државата дека е формирано парламентрано мнозинство и избран нов собрански претседател“, пишуваше во вчерашното соопштение од кабинетот на Џафери.

После средбата со американскиот дипломат Брајан Хојт Ји, претходниот викенд, Иванов наговести дека „постои можност за премостување на проблемите“, и дека би можел да му го предаде мандатот на Заев, доколку социјалдемократот „му претстави гаранции околу унитарноста на државата и почитување на уставот“.

Претходно Иванов ги отфрлаше сите слични барања на високите претставници на ЕУ, вклучувајќи ја и Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Заев во меѓувреме најави дека на Иванов лично ќе му ги предаде бараните гаранции, а новиот собраниски претседател го предупреди шефот на државата дека пропуштањето на десетдневниот рок би претставувало кршење на законот и основа за покренување на постапка на негово отповикување.

Недела дена после нередите во Собрание, во кои се повредени неколкумина пратеници, полицајци и новинари, ВМРО ДПМНЕ и понатаму не го признава Џафери како собраниски претседател, тврдејќи дека начинот на кој е избран се коси со законите и уставот.

ВМРО ДПМНЕ исто така смета дека СДСМ мора да сноси политичка и правна одговорност за „државен удар“.

Вонредните парламентарни избори беа одржани на 11 декември , а ВМРО ДПМНЕ кој освои 51 мандат во Собранието од вкупно 120, не успеа да добие поддршка за состав на нова влада бидејќи три албански партии одлучија да го поддржат ривалот Заев

Со бројни мерки на безбедност и бројни полициски кордони пред Собранието и Владата, оние кои се незадоволни со изборот на Џафери за претседател на парламентот на улица се 67 дена.

СДСМ смета дека протестите се обид на ВМРО ДПМНЕ да го избегне губењето на власта.

Политичките аналитичари во Скопје потсетуваат дека Собранието, кое го сочинуваат 120 пратеници може да го распушти само парламентарното мнозинство со што би се создале услови за нови предвремени парламентарни избори. Како што работите стојат во моментот, тоа нема да се случи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава