03 Мај, 2024
0.0266

Иванов останува со непроменет став околу мандатот и бара помош од ЕУ

Објавено во: Македонија 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот Иванов на денешната средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги повтори ставовите околу политичката состојба .

Иванов рече дека неговите ставови остануваат непроменети што се однесува до мандатот, и дека правната и политичката пречка мора да се отстранат. 

„Целта на двата услови е новата Влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна, за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета Влада е нестабилна Влада со краток рок на траење и штетни последици“, изјави шефот на државата.

Иванов вели дека императив за партиските лидери треба да биде спроведување на ургентните реформски приоритети. 

„Прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да бидат европските реформи, а не спроведување на пост изборна платформа креирана во туѓи држави. Платформа со која се загрозува независноста на државата, се условува постигнување на парламентарно мнозинство, се уценува составот на нова влада. Се нарушуваат добрососедските односи со директно мешање во внатрешните работи во Македонија, се поттикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните со прашања кои се надвор од рамковниот договор, се бара промена на Уставот. Затоа, на Република Македонија и се потребни европски реформи, а не туѓи платформи“, посочува претседателот.

Меѓудругото, Иванов и Туск разговарале за мигрантската криза а размениле мислења и информации за мигрантските коридори, тензиите меѓу ЕУ и Турција, капацитетите на транзитните држави, но и за ризиците по регионалната стабилност од постојаната закана од мигрантски бран насочен кон Европа од Африка и Азија.

Иванов и порача на ЕУ: помогнете ни, за да ви помогнеме. 

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите