Иванов отиде „семејно во Турција“ - Заев ќе го чека за мандатот
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2017
Претседателот Ѓорге Иванов не е во земјава, и покрај политичката криза, но ќе се врати во уставниот рок од десет дена, пренесоа дел од медиумите.
Како што се наведува, се очекува состанокот на Иванов и Заев да биде одржан во почетокот на следната недела, а тогаш шефот на државата би требало конечно да му го даде мандатот на социјалдемократот за составување на нова влада додека за возврат ќе добие „пишани гаранции за државното единство“.
Неофицијално, Иванов не е во земјата бидејќи отишол во „претходно планирана семејна посета на Турција“, каде што неговиот син Иван е на студии.
Заев најави дека ќе го почека Иванов и дека ќе му ја претстави програмата на новата Влада, како и дека „доколку е потребно, заради Македонија, ќе му даде гаранции дека ќе го сочува единството во земјава“.
„Подготвен сум да потпишам таква изјава“ потенцираше Заев.