03 Мај, 2024
0.0260

ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА: Што ќе значи изборот на Французите за иднината на земјата?

Објавено во: Свет 06 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Трката на претседателските избори во Франција меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен стави пред дилема многу француски прогресивни избирачи, пишува Гардијан. 

Макрон се смета за еден од главните архитекти на најнепопуларните пропазарни и антисоцијални политики на Франсоа Оланд, како што беа реформите во работничкото законодавство, кои им ги одземаа основнте права на работниците. Ако биде избран, Макрон ветува уште потврда верзија на тие реформи, кои ја уништија француската Социјалистичка партија.

Ле Пен, која е не помалку либерална од својот опонент (таа има социјално-економска платформа слична на онаа на Доналд Трамп) и предлага авторитарен режим во кој може да се даде волја на старите фикс идеи на францускиот фашизам: агресивно поведение кон муслиманите, борба со емиграцијата и ограничување на граѓанските слободи.

Која од двете зла да ги избере левицата? Одговорот навидум изгледа јасен: како приврзаникот на левицата да го избере Националниот фронт? Но арогантноста и некомпетентноста на Макрон го усложнуваат проблемот.

Минатиот вторник тој се појави на телевизија за да побара директно обединети гласови против Ле Пен.

Анкета на институтот Епининуеј, покажа дека 54% од оние кои ги дале гласовите за Макрон гласале тактички. Всушност, поранешниот министер за економија нема солидна група избирачи зад себе и не е вистински популарен.

Ле Пен ја користи недоволната популарност на Макрон и вели дека нејзиниот опонент е оддалечен од обичните луѓе и живее во свој сопствен свет. Нејзината стратегија е јасна: таа го претставува како марионета на финасовите пазари, на Еврокомисијата, на „глобализираните и космополитски елити“.

Себеси се истакнува како заштитник на работниците, на националните интереси и вистински патриот.

Обединувањето на екстремната десница во вториот круг на претседателскуте избори не е само враќање во април 2002 година, кога и покрај сите очекувања, Жан-Мари Ле Пен му се спротивстави на Жак Ширак.

Тогашниот претседател го уништи стариот екстремно десен лидер. Но, денес Марин Ле Пен има шанси, макар и мали, да победи и да го заземе местото на Оланд.

Користењето на фашистичката реторика од 30-те години од минатиот век нема овој пат да влијае на младите луѓе кои не го разбираат тој тип на говорење. Тоа уште повеќе ги истакнува идеолошките слабости на француската левица.

Најистакнатите политичари, партии од левицата и синдикати рекоа дека „ниту еден глас не смее да отиде кај Ле Пен“. Добро, но сето тоа сепак може да го засили неизлегувањето на гласачките кутии. Од сите левичарски кандидати, единствено Беноа Амон недвосмислено го поддржа Макрон во неделата вечерта. Но, Меланшон молчи и можеби нема ни да каже што ќе прави во вториот круг.

Ако Меланшон остане на молчењето, тоа ќе биде политички неодговорно: најсериозниот акт на детоксификација на крајната десница во француската политика.

Тоа навистиона е дилема, но е и избор меѓу две зла, и левите избирачи треба без колебање да го изберат помалото. Прво, категорично, а го победат фашистичкиот кандидат, со искористување на единственото средство со кое располагаат – да гласаат за Макрон. Потоа да почнат да му се спротивставуваат на претседателот Макрон со што ќе и дадат на левицата мнозинство во Националното собрание.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место