26 Април, 2024
0.0273

Исчезнаа имињата на Грци со швајцарски сметки!

Објавено во: Балкан, Финансии 02 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Нова копија на диск кој ги содржи имињата на две илјади Грци со банкарски депозити во Швајцарија ќе побара грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, откако е востановено дека дискот што го имал неговиот претходник исчезнал.
Како што јавуваат грчките медиуми, дискот во декември 2010 година прво го имала Кристин Лагард, тогаш министер за финансии на Франција а сега шеф на ММФ, и му го предала на нејзиниот грчки колега Јоргос Папаконстантину. Папаконстантину, кој беше на чело на Министерството за финансии од 2009 до 2011 година, во понеделникот рече дека му открил некои детали од дискот на поранешниот шеф на Одделот за финансиски и економски криминал (СДОЕ) Јанис Капелерис, а потоа комплетната копија му ја дал на наследниот на Капелерис, Јанис Диотис.
Според денешното издание на „Та Неа“ шефот на Националната разузнавачка агенција (ЕУП) Теодорос Дравилас исто така е запознаен со содржината на дискот откако добил копија од француските колеги. Весникот пишува дека француските власти одлучиле да и го предадат дискот на грчката Влада за да помогнат за „собирање пари од милионерите кои прикриваат данок“. Според оваа верзија на приказната, дискот прво и бил даден на ЕУП која потоа му го предала на Папаконстантину. Тој подоцна инсистираше на тоа дека тој имал своја копија директно од Лагард.  А oткако би сменет од челната позиција на СДОЕ, Папаконстантину му дал комплетна копија на наследникот Јанис Диотис.
„Ги издвоив највисоките суми и имињата ги пратив во СДОЕ на проверка. Ми беше кажано дека прелиминарната истрага покажала проблеми со нивните даночни пријави, па затоа им го дадов целиот список“, изјави Папаконстантину за „Фајненшл Тајмс“.
Диотис, од своја страна, рече дека службата не била во можност легално да го искористи дискот.
„Не постои досие што содржи имиња кои агенцијата може правно да ги гони“, рече тогаш Диотис кој беше сменет од челната позиција на СДОЕ во август годинава откако побара да се отворат банкарските сметки на двајца поранешни министри, двајца поранешни пратеници и петмина актуелни пратеници за кои изрази сомневање дека се вмешани во перење пари.
Со употребата на податоци од дискови шпанските власти собраа шест милијарди, а италијанските 570 милиони евра во даноци.
Познавачите на приликите тврдат дека тоа што Стурнарас бара нова копија е непотребно, затоа што секоја од агенциите која го имала дискот мора да направила копија

Можеби ќе ве интересира

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари