05 Мај, 2024
0.0241

Изградбата на новите автопати ќе започне само ако ни дадат пари од странство

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Стартот на изградбата на новите автопати кои Владата ги најави во 2021 ќе зависи од тоа дали ќе се обезбедат средства од меѓународните кредитори, а планирани се четири нови вакви делници..

Инаку планиран e почеток на изградба на автопат Прилеп - Битола; Гостивар - Букојчани кој понатаму треба да биде поврзан со Кичево, како и Тетово - Гостивар од постоечките две на три ленти и Требениште - Струга - Ќафасан, односно до границата со Албанија, но за овој последниот само доколку УНЕСКО даде позитивно мислење.

Според програмата на Владата за 2021, ќе се побараат пари од странство само за дел од делницата Кичево - Гостивар и за автопатот Скопје - Блаце. Во март треба да се предложи закон за гаранција за заем за финансирање на изградбата на автопатска делница Кичево – Гостивар во делот на Кичево - Букојчани, а во септември да се предложи исто решение за обврските кон автопатска делница Скопје - Блаце, Пари ќе се побараат од Европската банка за обнова и развој.

Според програмата на ЈП Државни патишта, за автопат Букојчани - Кичево и Скопје - Блаце со обезбедени грант средства од Европска Унија и заем од Европска Банка за обнова и развој.

За отплата на кредити кон меѓународните банки во 2021 планирани се средства во вкупен износ од 4,55 милијарду денари, од кои за отплата на каматите за земени кредити предвиден е износ од 830.000.000 денари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?