02 Мај, 2024
0.0261

Извозот лизна поради корона кризата

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

За 9,8 проценти се намалил извозот од земјава во текот на целата 2020 година споредено со гдината претходно. Во сите месеци извезенисе стоки вредни 356.351.499 илјади денари, објави Државниот заод за статистика. Во евра извозот тежи 5. 777.905 илјади евра и бележи пад од 10 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак е 468.387. 426 илјади денари, што е за 9.7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во првата половина од 2020 година сепак извозот беше и подрастично смален.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 112.035.926 илјади денари. 

Падот на извозот и увозот и воопшто на трговската размена се должи на корона кризата, а во услови на пандемија и чести затворања трпеа доста и извозните компании. 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.


Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање