16 Мај, 2024
0.0306

ИЗВРШИТЕЛИТЕ ПРАВАТ НОВИ РЕКОРДИ: Најголема присилна наплата од граѓаните и од државата досега

Објавено во: Економија 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Минатата година 93 евидентирани извршители наплатиле 159.761.407 евра, покажува објавениот извештај на нивната комора за 2023. Само на територијата на Основен суд Скопје и Кривичен суд Скопје биле присилно извршени 92.440.068 евра. 

Наплатата од граѓаните како поединци е рекордна - 41,9 милиони евра, резултат подобар од една година претходно - 40,5 милиони евра во 2022, која пред тоа важеше за убедливо најуспешна. Рекордна е и наплатата од државните институции како должници - 29,53 милиони евра, што е далеку најдобар резултат од претходните години. Од бизнисот, односно од правните лица, биле наппатени 90,34 милиони евра.

Извештајот забележува најголем број на извршени решенија во досегашното работење - 76.572 наплатени предмети. Овој резултат е за 14.057 предмети повисок од досегашниот рекорд - 62.515 во 2018. Бројот во 2023 е за 18.371 поголем од 2022.

Тоа е втора најдобра година на „ефикасност“ на извршителските канцеларии во историјата на нивното работење. Најдобрата за нив била 2017 кога наплатиле 166.224.905 евра. Резултатот на извршителите е подобар за 15,36 милиони евра од една година претходно. Во 2022 биле наплатени 144.350.068 евра.

Извршени биле 76.572 барања во текот на 2023, а приближно толку нови отвориле извршителите во 2023. Според КИРМ, „реално ново примени барања за извршувања во 2023 година има во 99.785 предмети“.

Од минатата година граѓани се жалат дека не се применува Законот за облигациони односи од страна на извршителиете, а се однесува за застареност на долгови кои траат над 10 години. Од друга страна, се жалат и правните лица и извршителите кои ги застапуваат нивните побарувања, по што следуваше иницијатива до Уставен суд. Нивното толкување е дека може да се регулираат само каматите, но дека застареност на долговите не може да има. Измените на овој закон беа донесени на средината од минатата година.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор