05 Мај, 2024
0.0244

Извршителите тријат раце: Од денеска започнува „кланицата“ со присилна наплата на долговите

Објавено во: Економија 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

По пауза од четири месеци, денеска повторно се активираат извршителите со испраќање на решенија за присилна наплата до должниците и нивните работодавачи, како и со блокирање на банкарските сметки. Иако претходно беа намалени одредени ставки од тарифникот на извршителите и беше регулирано одбивањето на пари од сметка од една третина на една петтина за одреднеи ситуации, граѓаните и натаму стравуваат дека извршителите по долгата пауза, овој пат ќе бидат мошне „агресивни“, а останатите инстанци во ланецот само немо ќе го следат тоа со одобрување.

- За блокирање на сметките најголем виновник е законодавецот, па регулаторот на платниот промет, па банките, па на крај извршителот. Сето ова е ,,убав“ доказ дека не е проблем извршувањето на законите, туку квалитетот на законот, коментира Славко Лазовски, граѓанин од Скопје.

Првичната уредба на Владата беше присилната наплата да започне на 1 јули, но одлуката се продолжи за уште 30 дена поради вонредната состојба, односно откако беа променети зборовите во владината уредба која го запре извршувањето во која рокот ,,до 30 јуни” се замени со зборовите „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”. Владата се одлучи на ваков чекор како еден вид на антикризна мерка поради пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на комората на извршители, Зоран Димов, потврди дека од денеска извршителите се подготвени да започнат со својата работа и да ги испратат првите извршни решенија, а технички ништо не може да им пречи во тоа.

- Извршителите работеа и до сега. Не престанаа да работат, туку за цело време примаа барања за извршување и ги подготвуваа предметите. Насобраните случаи од изминатиот период ќе може да се извршуваат од 24 јули, односно да се спроведуваат извршни дејствија по прибраните барања, ни изјави Димов.

Во моментов не е познато колкави суми се наплатени од физичките и правните лица-должници, затоа што извештајот на Комората на извршители за 2019 се уште не е усвоен. На последната собраниска седница, како што вели Димов, немало кворум тој да биде донесен.

Извршителите во 2018 година реализирале 52.515 барања за присилна наплата, што е рекорд и продолжување на низата на се поголем број на извршени решенија, покажува последниот извештај на комората на извршители. Што се однесува до блокираните сметки, последната статистика на Народна банка вели дека во март годинава 80.072 физички и 26.651 правни лица биле блокирани депоненти.

Извршувањето на мала врата го аминуваше и Министерството за правда, како и Асоцијацијата на банки. Од движењата против извршителите засега најмногу стравуваат дека затезните камати ќе бидат поголеми поради прекинот на редовната присилна наплата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?