Ја купува ли Трамп „Банка Пиреос"?
Објавено во: Економија, Свет 01 Декември, 2016
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп ја купува „Банка Пиреос".
Ова го тврди грчкото издание „Војс".
Грчкиот весник наведува дека за оваа трансакција е користена Банката на Кипар.
Во интервју за телевизијата „Блумберг" неодамна новиот претседател на „Банка Пиреос" , Јоргос Хаџиниколау најави дека изборот на Доналд Трамп би можел да предизвика раст на економската активност и да помогне за излегување на Грција од рецесијата.
Тој рече дека и други економии во светот ќе ги почувствуваат позитивните последици и дека и Грција ќе има корист од тоа.