ЈА НАДМИНА НИГЕРИЈА: Koја држава е најголем производител на нафта во Африка?
Објавено во: Економија 12 Април, 2024
Либија е најголем производител на нафта во Африка.
Oваа држава во март произвела 1.236 милиони барели нафта дневно, со што ја надмина Нигерија.
Либија во март произведувала нафта за 5,4 отсто повеќе во споредба со февруари (1.173 милиони барели дневно) од пустинските нафтени наоѓалишта на југот на земјата и во крајбрежните води на Медитеранот.
Во најновиот извештај на ОПЕК се вели дека Нигерија во март има намалување на производството на нафта од 6,8 проценти на околу 1,23 милиони барели дневно, а во февруари произведуваше 1,32 милиони барели дневно.
foto freepik.com/atlascompany