fake panerai watches Јанкуловски: Одблокирани 5 милиони американски долари на Фондацијата Атанас Близнакоф, 31 студент добиваат стипендија од 1000 евра
02 Мај, 2024
0.0328

Јанкуловски: Одблокирани 5 милиони американски долари на Фондацијата Атанас Близнакоф, 31 студент добиваат стипендија од 1000 евра

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

На 31 редовни студенти од прв циклус студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кои покажуваат висо­ки резултати во студирањето, а кои се со послаба материјално-финансиска состојба, ректорот на Универзитетот Никола Јанкуловски денеска им додели договори за стипендии во висина од по 1000 евра годишно, средства кои се обезбедуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“, еден од нашите најголеми донатори од дијаспората.

Стипендиите од Фондацијата којашто Близнакоф ја формирал во 1976 година, се со цел да им помага на младите талентирани студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои покажуваат врвни резултати во студирањето и потекнуваат од социјално загрозени семејства. Од оваа година средствата се исплаќаат и од дивидендите и каматите од ослободените средства кои се наоѓаат на сметката којашто донаторот ја има во банка во Илиноис, Соединетите Американски Држави, каде во 2018 година се формираше сестринска фондација со што се ослободија 5 милиони американски долари кои со децении беа блокирани во САД.


„Ми претставува особено задоволство што успеавме да ги ослободиме средствата кои нашиот голем донатор Атанас Близнаков ги имаше на сметката во Илиноис, со што се овозможи од оваа година, а и во иднина, бројот на стипендии за нашите студенти кои покажуваат одличен успех во студирањето, а имаат материјално-финансиски проблеми, да биде поголем. На оваа сметка од смртта на Близнаков во 1998 година стоеја блокирани 5 милиони американски долари коишто успеавме да ги одблокираме, така што сега и тие се дел од Фондацијата. Благодарение на ова од годинава се зголеми бројот на студентите кои ќе добијат стипендија, а се зголеми и висината на месечниот надомест кој стипендистите ќе го добиваат во текот на 10 месеци од учебната година, кој сега изнесува 6.000 денари месечно. Сакам да нагласам дека стипендиите од Фондацијата се обезбедуваат исклучиво од камати, а сега и од дивиденди, додека главнината на средствата не се троши. Искрено се надевам дека во иднина ќе бидеме во можност уште повеќе млади да ја добијат за нив толку потребната финансиска помош, што беше и заложба и волја на нашиот голем донатор и хуманист Атанас Близнаков”, изјави проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот Кирил и Методиј.

Одбор на Фондацијата Атанас Близнакоф врз основа на распишан конкурс ги распределува средствата за стипендии на студенти со статус на редовен студент, запишани на прв циклус студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје кои треба да бидат запишани најмалку во трет семестар. Критериумите за доделување на стипендиите вклучуваат успех остварен во текот на студирањето, односно да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.00, како и материјално-финансиската состојба на кандидатот. Рангирањето на студентите се врши согласно остварени бодови кои може да изнесуваат најмногу до вкупно 100 бода, при што за материјалната состојба на студентите се добиваат најмногу до 60, за постигнатиот успех во студирањето до 40 бода.


Атанас Близнаков, роден 1901 година во село Д’мбени, Костурско, во 1920 година го напуштил родниот крај и заминал во САД каде живеел и работел до1976 година кога  дефинитивно се населил во Скопје и покренал иницијатива за основање на Фондацијата. За остварување на целите и задачите на Фондацијата се грижи Управен одбор чиј претседател е ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор