03 Мај, 2024
0.0273

Јавни и владини настани како спас од кризата, 10 милиони евра во Фонд за извозниците: Детали од петтиот пакет

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата го усвои петтиот пакет мерки тежок 160 милиони евра за кои креаторите сметаат дека ја стимулира развојната компонента на компаниите кои покажуваат проактивност, вработуваат и придонесуваат. Сепак во 29 мерки колку што има во овој пакет има доста кои се насочени кон ранливите фирми, па и кон ранливите граѓани на кои впрочем им се отпишуваат и камати за долговите кон јавните претпријатија. Туризам и угостителство, хотелиерство, индустрија за организација на настани - ним сега им се дава посебна помош. Како дел од пакетот е поддршка за индустријата и операторите за организација на настани за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес и тоа за 61 милион денари.

Како им се помага? Една мерка е наменета за правните субјекти кои организираат јавни настани, односно маркетинг и ивент агенции, продукции и други оператори од индустријата за организација на настани, со што меѓу другото ќе се ангажираат и изведувачи, едукатори, културни работници, уметници, музичари и други професии од оваа ивент индустријата кои се директно погодени од пандемијата.

„Програмата ќе ја реализира Генералниот секретаријат на Владата при што апликантите, односно операторите  кои организираат јавни настани ќе треба да се придржуваат до следните критериуми: прво, настани на зададена тема од исклучителен јавен и државен интерес, второ обезбедување видливост на настанот пред широка домашна јавност преку партнерства со националните и останатите телевизии и преку другите видови медиуми и трето - вклучување изведувачи, едукатори, културни оператори, уметници, музичари и други во продукцијата на содржини во рамки на настаните од јавен интерес, рече вчера премиерот Зоран Заев. 

Тој рече дека ќе има мерка за поддршка на исплата на плати за месеците февруари и март и опционо користење бескаматен кредит. Сепак премиерот е дециден дека ова е последен пакет во кој се дава поддршка за исплата на плати. Фирмите кои досега земале пари, а не  им исплатувале на вработените нема да можат да користат помош.

Не беше објаснето детално, но во поддршката за хотелиерството предвидена е финансиска поддршка на хотели кои функционираат надвор од туристичките центри.

Износот е 64,6 милиони денари за 2021 година. Поддршката ќе се пресметува по регистрирани легла кај хотелите и согласно методологијата за категоризација која ќе биде дефинирана од Министерството за економија.

ФОНД ЗА ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ

Една од карактеристиките на овој пакет е што има посебна поддршка и на извозните компании. Се најавува Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 615 милиони денари, кој ќе се воспостави преку Развојната банка на Северна Македонија. Се работи за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат.

Во пакетот се зголемува прагот на ослободување на оданочување со данок на добивка на Регресот за годишен одмор од постоечките 40 проценти на 80 проценти.Посебна мерка е поддршката за дигитална трансформација на бизнисите кои имаат ниско ниво на дигитализација со цел побрза пост-ковид ревитализација. Оваа мерка, како што рекоа од Владата вклучува низа поволности наменети за малите и микро претпријатија во вкупен износ од 25 милиони денари за 2021 година. Министерството за информатичко општество и администрација ќе ја спроведува оваа мерка.

Инаку според податоци од Владата во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра. Со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и мерките од Планот за економски раст со 11,5 милиони евра се поддржани 140 компании кои инвестираа во 2019 година.

За 39 странски компании кои функционираат во зоните и надвор од нив, преку мерките за кои се склучени договори, во 2020 се исплатени 25,6 милиони евра, а преку инструментите на ФИТР во 2020 година се исплатени 8,5 милиони евра на 266 компании.

Поддршка за 120 радиодифузери

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски