07 Мај, 2024
0.0266

Јавните обвинители дадоа зелено светло за смена на Зврлевски

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на јавни обвинители на денешната седница ја поддржа владата во барањето за смена на актуелниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.

Тие прифатија да биде разрешен Зврлевски кој новата власт го окарактеризира како обвинител кој ја извршувал функцијата  незаконско и ненавремено.

Сега согласно процедурата, Зврлевски треба да го разреши Собранието. За тоа е потребно росто мнозинство од 61 глас. 

Потоа треба да се распише оглас за избор на нов Јавен обвинител.

Зврлевски беше избран на 21 Јануари 2013 година со 58 гласови “за“ и ниту еден против или воздржан за нов Јавен обвинител. 

На оваа позиција дојде од скопското обвинителство, наследувајќи го дотогашниот обвинител Љупчо Шврговски. 

Четири години подоцна, почнува постапката за разрешување на Зврлевски, со тоа што од страна на Владата предводена од СДСМ е покрената инцијатива. Следни на потег се Советот на јавни обвинители кој треба да испрати мислење до Владата. Обвинителот Зврлевски непосредно по изборот во 2013 година беше регистриран на Ромскиот бал, во друштво на Сашо Мијалков, Никола Грувески и Амди Бајрам, по што не запреа коментарите за негова блискост со доскорешната власт предводена од Вмро-Дпмне. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава