12 Мај, 2024
0.0245

Јавните претпријатија се управувани од луѓе со несоодветно формално образование

Објавено во: Економија, Македонија, Мои пари 17 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Како доставувачи на низа основни услуги на граѓаните, јавните претпријатија со нивната работа директно влијаат врз вкупниот квалитет на живеењето и развојот на заедницата. Примарноста на услугите кои што ги нудат јавните претпријатија, како што се водоснабдување, чистење смет, одржување на патиштата и многу други услуги, го прави работењето на јавните претпријатија предмет на интерес на многу граѓани. Имајќи ја во предвид нивната улога и доделените задачи, важно е јавните претпријатија да бидат управувани од луѓе кои што имаат знаење и искуство и кои што можат суштински да придонесатво функционирањето на претпријатијата.

Но, истражувањата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“- Скопје покажуваат дека јавните претпријатија се управувани од луѓе со недоволно искуство во областа на работата на претпријатието и со несоодветно формално образование. Иако високото образование е јасен формален критериум за избор на директори и членови на надзорните одбори на јавните претпријатија, во реалноста ситуацијата е поинаква.

Анализата покажува дека 6% од директорите и 11% од надзорните одбори немаат високо образование. Членовите на надзорните одбори треба да имаат задолжително образование во областите право и економија поради потребата за стручна проверка на материјалното и финансиско работење на претпријатијата. Но, само половина (54%) од членовите на надзорните одбори имаат завршени правни или економски науки.

Податоците покажуваат дека правото, економијата и другите општествени науки доминираат во управувачките структури.

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, при консултацијата со неколку јавни претпријатија во текот на истражувањето, заклучува дека членовите на управните и на надзорните одбори се бираат по принцип на партиска лојалност и имаат слаб капацитет суштински да придонесат во работата на јавното претпријатие. Тоа значи дека јавните претпријатија не можат да ги искористат управните и надзорните одбори за подобрување на нивната работа иако тие за тоа добиваат финансиски надоместоци односно пари од граѓаните.

Од ИДСЦС препорачуваат по изборите (кога и да се случат), кога одново ќе се именуваат нови раководители,  Владата, како и други институции кои што ги именуваат, да се водат од принципите на јавност, компетитивност и компетенции на кандидатите.

За повеќе информации од истражувањето и препораките од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје посетете ја веб страницата idscs.org.mk/mk/2020/04/10/кој-тоа-таму-управува-извештај-за-2019/.


Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно