02 Мај, 2024
0.0257

Јетон Шаќири: Платите на административците се зголемени само во министерството на Груби

Објавено во: Економија 24 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, на денешната прес-конференција појасни дека првиот вицепремиер Артан Груби им ги зголемил платите само на вработените во министерството за политички систем кои во меѓувреме се стекнале со дипломи од високо образование.

Јавноста стекна мислење дека платите им се зголемени на сите административци во јавниот сектор кои во меѓувреме се здобиле со високо образование, бидејќи Груби не најави за кого се однесува таа одлука.

-Тоа е за поздравување, но засега тоа е само во неговото министерство. И другите министерства може да го направат тоа, но прво во структурната организација треба да планираат место со новите квалификации како што постапи министерството за политички систем, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско-прашање.

Во објавата на Груби тој не прецизира за колку луѓе станува збор. Вработувањето во јавната администрација долго време е престиж меѓу многу партиски приврзаници, а работата во државни институции беше полн погодок за многумина кои успеваа да влезат на конкурсите.

„Денес ги потпишав решенијата на сите административци кои првично беа вработени со средно образование, додека во меѓувреме завршија високо образование при што значително се зголемија нивните плати“, напиша Груби.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?