02 Мај, 2024
0.0243

Каевски: Парите за спортските објекти се намалени поради Охридскиот базен

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Владата преку Агенцијата за млади и спорт ја намали проекцијата на сумата што треба да се инвестира во изградба и реконструкција на спортски објекти во 2019. Пред еден месец донесена е одлука до крајот на годината да се потрошат 170,7 наместо 210 милиони денари.

Оваа владина програма вклучува изградба на пливачки базен во Охрид, реконструкција на затворениот базен во Струга, изградба на 14 затворени училишни базени, изградба на спортска сала во Шуто Оризари, на две сали за боречки вештини, изнајмување на седум монтажни лизгалишта и реконструкција на други спортски објекти. 

Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, вели дека намалувањето на предвидената сума се должи поради тоа што има доцнење во рокот на делот од изградбата на базенот во Охрид. Станува збор за пропусти во изведувањето на градежните работи,кои ја стопирале изградбата на затворениот пливачки базен кој е капитален објект вреден 5 милиони евра,

- Изведувачот сега има рок до 31 декември 2020, до кога очекувам да биде завршен. Проблем претставуваа тоа што градењето навлезе под нивото на водата од езерото. За другите проекти нема застој. Мои очекувања се дека базенот во Струга ќе биде готов во 2021, а истата година и првите шест училишни базени. Најбрзо за реализација ќе бидат монтажните лизгалишта, кои ќе бидат подготвени оваа година, вели Каевски.

Што се однесува до државните инвестиции во спортските објекти, Министерството за образование гради и пушта во употреба училишни спортски сали. Според ребалансот на буџетот за 2019, за спортските објекти во основните училишта се предвидени да се потрошат 408 милиони денари, додека за тие во средните училишта 81 милион денари.Поголемиот дел се во рамките на проектот „изградба на 145 спортски сали“ од претходното владеење, за што актуелната Влада одлучи да го продолжи. За оваа цел беше постигнат кредитен договор од 30 милиони евра со ЕБОР, а целокупната инвестиција би чинела 75 милиони евра.

Во програмата на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор за 2019-та се предвидени 400.000 евра за Националната фудбалска арена „Тоше Проески“ за нејзина доизградба, адаптација и реконструкција.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?