26 Април, 2024
0.0273

Како до идеална температура во вашиот дом?

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Термостоп термоизолација овозможува топли простории во зима, а ладни во лето. За заштеда на енергија и до 50%

Екстремно ниските температури во зима а високи во лето, се повеќе ја наметнуваат потребата од енергетско ефикасни домови. Не само како желба, туку повеќе како потреба и обврска независно дали станува збор за изградба на нов објект или за реконструкција на стар. Енергетската ефикасност значи заштеда на финансиски средства преку зачувувањето на енергијата во домот.

Токму со таа цел, како визионер во развојот на иновативни продукти во градежништвото, македонската компанија Металотехника Прилеп, поддржана од Фондот за иновации на Р. Македонија го создаде иновативниот висококвалитетен термо изолационен производ „ТермоСтоп” кој е вистинско изолационо чудo. Добиен по нанотехнологија, овој еколошки производ, овозможува заштеда најмалку 30 - 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години, што е драгоцена заштеда за семејниот буџет, како и за буџетот на една компанија. http://metalotehnika.mk/#

Вложените пари во енергетска ефикасност се паметна инвестиција идентична на купувањето акции на берза или на инвестирањето во образование за своите деца. Треба време, но плановите секогаш се остваруваат. За само неколку години по изведбата на новата термоизолација можете да си го повратите она што сте го платиле.

“Како општество користиме два и пол пати повеќе енергија за загревање на градбите во споредба со земјите од Западна Европа. Вградувањето на Термостоп термоизолацијата на надворешните ѕидови може да доведе до заштедување и до 50% од енергијата што ја плаќаме. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација. Може да се нанесува и во период на зима, до температуране помала од +5 степени, за да не замрзнува производот бидејќи е на водена основа, сметаат од Металотехника Прилеп, компанија која оваа година слави јубилеј 30 години од своето работење.

Се нанесува на метал, бетон, цигла и наскоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, тополвоздух, канали за климатизација итн.  Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи за фасадни зидови, но и за внатрешни зидови, како и за подови како основа пред нанесување подно греење. Може да има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриски капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла.Заштедата на финансиски средства преку зачувувањето на енергијата во домот е најсилната карактеристика на Термостоп. Со оваа иновативна термо изолација се намалува ефектот на т.н. ладни зидови кои ја зголемуваат потрошувачката на енергија во домот, кога температурата на површината од надворешните ѕидови е значително пониска од онаа во просторијата, чија оптимална температура би требало да изнесува помеѓу 19 и 21 степени, што доведува до непријатно струење на воздухот околу ѕидот. Во летните месеци пак доаѓа до зголемување на потрошувачката на енергија која е потребна за ладење на објектите, токму поради невградената изолација на фасадата.

Со Термостоп ќе заборавите на потешкотии поврзани со површинската кондензација на водена пареа на ѕидовите, на појава на мувла на ѕидовите и други естетски проблеми, кои најчесто се обидуваме да ги решиме со едноставно премачкување со боја. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет