КАКО ЌЕ СЕ ТРОШАТ 3,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - парламентот денеска ќе одобри
Објавено во: Финансии 22 Декември, 2019
Како ќе се собираат и како ќе се трошат парите на граѓаните во идната година треба да се знае веќе денеска, бидејќи се очекува народните избраници да го изгласаат буџетот за 2020.
Денеска во Собранието треба да се одржи пленарна седница, на која една од точките е дополнетиот предлог буџет, со вградени во него 12 те амандмани што ги прифати Владата, како и предлог законот за извршување на буџетот.
Инаку, денеска е петтиот ден од расправата за буџетот на пленарна седница, а согласно собранискиот деловник, мора да биде и последниот, бидејќи толку се предвидени за дебата на пленарната сесија.
Од досегшните дискусии може да се забележи дека опозицијата буџетот го третира како неразвоен и наменет за предизборно купување на граѓаните, а владејачките партии го бранат дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација, како и дека со зголемените плати и пензии со него ќе се инвестира во човечки капитал.
Буџетот за идната година е најгломазен досега и тежи 3,9 милијарди евра, додека на страната на приходите се очекува да се соберат 3,6 милијарди евра.