04 Мај, 2024
0.1856

Како ќе тера „Силекс“ без Ѕинго?

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ѕинго беше прв човек на „Силекс“ четириесет години, во континуитет. Холдингот „Силекс“ го остави со добивка поголема од половина милион евра на крајот од третиот квартал годинава

„Силекс“ во првите девет месеци годинава оствари добивка повисока од половина милион евра и тоа финансискиот резултат со кој, од друштвото што го изгради, се прости еден од доајените на современа македонска економија Љубисав Иванов – Ѕинго.

Во првите девет месеци консолидираните извештаи на „Силекс“ покажуваат дека приходите од продажба се на исто ниво како и истиот период лани што е резултат за почит во услови на ограничувањата кои на бизнисот глобано му ги приреди корона кризата. Тие изнесуваат 5,8 милиони евра.

Резултатот на „Силекс“ во кој се обединети податоците од основната дејност : рударство и вадење камен, но и неколку други дејности вклучително националната телевизија „Сител“ и фудбалскиот прволигаш „Силекс“ (кој годинава од излегувањето во еврокуповите оствари солиден девизен прилив н.з.) се неспоредливо подобри од лани кога за истиот период групата била во загуба од 254.000 евра.

На домашниот пазар друштвата оствариле приход од 3,1 милиони евра, а на странските пазари се продадени добра и услуги во износ од 2,7 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар во споредба со истиот период лани пораснала за 554.000 евра, а продажбата на странските пазари се намалила за 5455.000 евра. Од останати приходи групата остварила 515.000 евра што е за 60 отсто помалку од лани. 

Клучен фактор за добивката се намалените оперативнит трошоци. Имено за првите девет месеци тие изнесуваат 5,79 милиони евра. Намалени се двете најголеми трошковни ставки и тоа: трошоците за суровини и материјали за 16 отсто и останатите трошоци од работењето за 68 отсто. Единствено зголемување има кај трошоците за вработени кои се зголемени за 185.000 евра до износ од 1,3 милиони евра.

Најголеми акционери во „Силекс“ до сега беа Љубисав Иванов – Ѕинго кој поседуваше 54,3 отсто од акциите и неговиот син Горан Ивановски кој поседува 9,5 отсто од управувачките права. Уште 587 домашни физички лица поседуваат околу 35 од правата на глас.

Љубисав Иванов – Ѕинго до својата смрт беше на функцијата претседател на Управниот одбор на „Силекс“. Ѕинго управувал со „Силекс“ 40 години, а бил пратеник во македонскиот парламент, без прекини, од независноста на земјава во 1991 година па се 2011 година. Воедно бил претседател на Социјалистичката партија на Македонија од 1995 година до крај на неговиот живот, а во два мандати бил и претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?