05 Мај, 2024
0.0619

Како „Макстил“ ја стопи „короната“?

Објавено во: Економија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемата домашна челичарница за девет месеци направи профит близу еден милион евра, финансиски резултат што во споредба со истиот период лани е поголем за 20 пати. И покрај падот на приходите од 25 отсто, „Макстил“ успеа да ја одржи домашната продажба на ланско ниво, а расходите да ги намали за речиси 40 отсто, а стигна до оперативна добивка од 1,3 милиони евра – резултат за 54 отсто подобар од лани

Најголемата македонска челичарница во првите девет месеци годинава има најдобар финансиските резултати во последните најмалку три години од своето деловно работење, покажуваат финансиските извештаи за деветмесечно работење на челичарницата што произведува домашен челик.

„Макстил“ во услови на намалено работење и пад на приходи од продажба од 25 отсто успеал да оствари добивка од 836.000 евра за периодот јануари – септември. Тоа е за 20 пати подобар резултат од истиот период лани. Воедно во споредба со нето добивките за целите календарски 2017, 2018 и 2019 година овој резултат за девет месеци е неспоредливо подобар. Само за споредба, добивката за цела 2017 година била 240.000 евра, за 2018 година изнесувала 70.000 евра, а за 2019 година е 262.000 евра.

За првите девет месеци приходите од продажба на „Макстил“ изнесуваат 48,4 милиони евра и тоа е за 25 отсто послабо од истиот период лани. На домашниот пазар компанијата има реализација од 10,36 милиони евра што е на исто ниво од лани, а на странските пазари продажбата е помала за 30 отсто од лани и изнесува 38,1 милиони евра. Залихите се на вредност од 13,3 милиони евра што во однос на крајот од ланскиот септември е пониско за 17 отсто.

Оперативните расходи на друштвото за првите девет месеци изнесуваат 42,6 милиони евра и се 38 отсто пониски од истиот период лани. Од сите позначајни трошочни ставки раст бележат само трошоците за вработените и тоа за 15 отсто во однос на лани. Тие изнесуваат 7,8 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и материјали кои изнесуваат 25,9 милиони евра и се за 49 отсто пониски од лани. Услугите со карактер на материјални трошоци изнесуваат 3,9 милиони евра и се за 31 отсто пониски од лани. Овие финансиски разултати водат до оперативна добивка од 1,3 милиони евра.

Финансиските расходи на друштвото за овој период изнесуваат 784.000 евра и покрај тоа што се за 30 отсто пониски од лани сепак се повисоки за половина од финансиските приходи. Негативната разлика меѓу финансиските расходи и финансиските приходи изнесува повеќе од 400.000 евра.

За девет месеци работа „Макстил“ е во добивка од 836.000 евра што е речиси четири пати повеќе од добивката за целата 2019 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години