03 Мај, 2024
0.0266

Како најстарата македонска автомобилска компанија ја зголеми добивката за 38 отсто?

Објавено во: Економија 04 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Десет милиони евра приходи од продажба и сервисирање возила, технички прегледи, осигурително-брокерски услуги, рента-кар и испитен центар за полагање возачки. Тоа е портфолиото на приходи на „Аутомакедонија“ од кои како нето добивка за акционерите останале чисти над половина милион евра

„Аутомакедонија“ има добра деловна година! Тоа го покажуваат финансиските резултати од билансот на успех на најстарата македонска компанија специјализирана за продажба на нови возила и за сервисирање на возила.

Вкупните оперативни приходи на „Аутомакедонија“ лани изнесуваат 9,9 милиони евра и во споредба со претходната година се зголемени за 12 отсто. Ова е највисокиот приход што оваа компанија го остварила во период од три години.

Во вкупниот приход продажбата на домашен пазар учествува со 8,74 милиони евра. Во продажбата се вклучени приходите што ги генерира продажбата на нови возила од палетите на три производители, сервисот за возила, услугите во трите станици за технички преглед во Скопје, компанијата за осигурително-брокерски работи, сообраќајниот испитен центар за пелагонискиот регион и рента-кар компанијата. Вкупните приходи се зголемени за 12 отсто во споредба со претходната споредбена година.

Од останати приходи оваа компанија инкасирала уште 1,14 милиони евра, а тоа е 65 отсто повеќе од 2022 година.

Оперативните расходи процентуално го следат растот на приходите на „Аутомакедонија“. Лани изнесувале 9,25 милиони евра и биле зголемени за 15 отсто во однос на 2022 година.

При тоа трошоците кај најголемата расходна ставка „набавна вредност на трговски стоки“ е зголемена за 20 отсто до износ од 5,6 милиони евра. Трошоците за вработените се втора најголема расходна ставка и изнесуваат 1,54 милиони евра.

Соодносот на приходите и оперативните расходи креирал оперативна добивка од 625.000 евра. По билансирањето на финансиските приходи и расходи нето добивката на оваа компанија изнесува 536.000 евра и во споредба со претходната година е поголема за 38 отсто.

Детали од корпоративното образложение на резултатите се достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67285

„Аутомакедонија“ е основана во далечната 1947 година и на пазарот успешно опстојува 77 година. По трансформацијата на капиталот станува акционерско друштво. Нејзини актуелни покрупни акционери се Иванка Мојсова со 22,5 отсто од акциите со право на глас, Милан Ивановски со 17,9 отсто од акциите и трите деца за Светозар Јаневски: Кирило, Драгана и Јане со по 6,8 отсто од акциите наследени од нивниот татко.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски