06 Мај, 2024
0.0266

Како „ОКТА“ се справи со „корона кризата“?

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

„ОКТА“ во услови на бројни ограничувања на мобилноста предизвикани од здравствената криза, карантинот и вонредната состојба успеа да оствари добивка за првите девет месеци која надмина еден милион евра. Приходите од продажба до крај на септември изнесуваат 186,5 милиони евра

Единствената рафинерија за нафта во земјава, скопска  „ОКТА“ и годинава е една од најголемите компании според остварениот приход во домашната економија и покрај специфичните услови и бројните економски ограничувања кои ги наметна здравствената пандемија предизвика од корона кризата.

„ОКТА“ за првите девет месеци годинава успеа да оствари приходи од продажба во износ од 186,5 милиони евра што поради бројните оганичувања предизвикани од состојбата со корона кризата е намалување за 43 отсто во споредба со истиот период лани. Во структурата на приходите доминира продажбата на домашниот пазар со 150,5 милиони евра. Извозот на „ОКТА“ годинава за девет месеци и донесе 36 милиони евра приход.

Бруто добивката на оваа голема компанија за првите девет месеци изнесува 8,7 милиони евра  и тоа во споредба со лани е намалување за 30 отсто што и не е изненадување со оглед на тоа што повеќе од два месеци во земјава беше на сила вонредна состојба со интензитет на движење сведен на минимум.

Во структурата на трошоците најголемо учество има набавната вредност на трговските стоки на што годинава „ОКТА“ потрошила 177,8 милиони евра и тоа е за 44 отсто помалку од истиот период лани. За пофалба е тоа што во овој период на ограничувања „ОКТА“ покажала грижа за човечките ресурси и трошокот за нив бележи зголемување за 2 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 2,9 милиони евра.

Оперативната добивка на друштвото за девет месеци е 1,2 милиони евра и бележи пад од 62 отсто во однос на лани. Нето добивката во „корона услови“ надминува еден милион евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години