27 Април, 2024
0.0293

Како општините ги трошат парите на граѓаните: За четири години 273 Милиони Евра!

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

За четири години скопските општини потрошиле 273 милиони евра преку јавни набавки. Познато е дека општинските каси се полнат по основ на давачките кои ги плаќаат граѓаните, што несомнено ги отвора и прашањата на граѓаните- како општините менаџираат со буџетот, за што трошат пари и дали трошењето е рационално?

По дефиниција, процедурите за јавни набавки се механизми кои треба да овозможат економично и ефикасно трошење на парите на државните институции и на единиците на локалната самоуправа. Дополнително, бидејќи се работи за народни пари, граѓаните имаат право да знаат како и за што се трошат јавните пари.

Во таа насока, треба да се почитува начелото на отчетно, транспарентно и одговорно трошење на народните пари. Рационалноста на трошоците треба да биде изразена особено во услови на потешкотии во финансирањето Секогаш се поставува прашањето колку чинат јавните набавки на стоки и услуги, односно како се менаџираат парите на граѓаните.

Честопати, анализите на експертите укажуваат на одредени недоследности и недоречености на системот за јавни набавки, но и на законската рамка за спроведување на јавните набавки. Тоа го отвора прашањето дали и колку често се случува одредена стока набавена преку спроведување на јавна набавка да биде поскапа од стока која би се купила директно од производителот без да се спроведе постапка за јавни набавки?

Според анализата на на јавните набавки на Градот Скопје и општините од скопскиот плански регион, спроведена од Институтот за стратешки истражувања и едукација од Скопје во соработка со Центарот за граѓански комуникации, во рамките на проектот “Транспарентно Скопје – Анализа за креирање на отворени и достапни бази на податоци за поттикнување реформи и заштита на јавниот интерес во скопскиот регион”, кој е подржан од Европската Унија, од овие 273 милиони евра, најмногу односно 68 милиони евра е потрошено во 2016 година, која е и изборна година . Најмалку пари се потрошиле во 2015 година 51.000.000евра. Секако од интерес на граѓаните е и прашањето која општина потрошила најмногу, а која општина потрошила најмалку.

Податоците покажуваат дека во целиот овој анализиран четиригодишен период најмногу пари потрошил Градот Скопје или поточно 73.000.000 евра. По него следува следува Општина Центар со сума од 33 милиони евра и на трето место е Општина Карпош со потрошена сума од 24 милиони евра. Најмалку за периодот од 2013 до 2016 година има потрошено Општина Шуто Оризари, околу 300.000 евра.

Во однос на то за што и како се трошат парите на граѓаните, најголем дел отпаѓа на канцелариски материјали, авио билети, средства за хигиена, па до градежни работи и слични поголеми инвестициски зафати.

Кога го анализираме целокупниот систем на јавни набавки треба особено да се потенцира и правната рамка изразена преку Законот за јавни набавки. Она што на прв поглед паѓа во очи ако се анализира Законот за јавни набавки е дека овој Закон од неговото донесување во 2007 година до 2016 година е изменет или дополнет 16 пати. Правилата во законите треба да овозможат правна сигурност за граѓаните. Честото менување на законите претставува потенцијален ризик кој може да влијае негативно на правната сигурност. Законот за јавни набавки за 9 години е изменет или дополнет 16 пати. Во 2014 година е изменет 4 пати. Сите овие бројки можеби се и одговор на дилемите кои во одредени ситуации ги покренува стручната јавност за потребата од донесување на нов Закон за јавни набавки.

Експертите се едногласни дека и за едно евро пари од граѓаните треба да има отчетност, а не пак кога се во прашање 273 милиони евра за период од четири години. Системот треба да обезбеди транспарентност во смисла што граѓаните ќе знаат во секој момент како се трошат нивните пари. Граѓаните треба во секој момент да имаат преглед кои се приоритетите кои се финансираат со нивните пари. Од Институтот за стратешки истражувања и едукација, посочуваат дека граѓаните имаат одредени алатки кои може да ги користат, од кои посебно би го забележале Барањето за информации од јавен карактер, кое е уредено со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Т.С.

Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба