26 Април, 2024
0.0265

Како Пепси отвори ресторан од својот маркетинг буџет?

Објавено во: Мои пари 07 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Модерниот KolaHouse , сместен на Менхетен кој нуди иновативна американска кујна и фамозни коктели е една од последните иновативи од маркетинг тимот на Пепси. Со години маркетинг тимовите на Пепси и Кока Кола се натпреваруваат во поиновативни начини на промовирање на брендот, познати како "Kola Wars"". 

Тимот на PepsiCo секогаш се обидувал да се оддвои од својот ривал Coca-Cola со маркетирање на последните треднови на Американците. Едни од најпознатите маркетинг идеи вклучуваат создавањето на Crystal Pepsi , а отворањето на ресторан од буџетот предвиден за маркетинг е уште еден пример на тренд за да се пристапи на младите генерации. 

Аријана Коскарова, професор по Адвертајзинг на Академијатаза Маркетинг и ПР  која имаше можност да го посети Kola House и да разговара со Кевин Хувер, маркетинг директор во PepsiCo.

Аријана Коскарова: Здраво , ти благодарам што ја прифати понудата да ја споделиш со нашите читатели стратегијата на PepsiCo. Во Февруари ја отвораме нашата прва Академијаза Маркетинг и ПР  и навистина е значајно за нас да споделиме со нашите студенти иновативни маркетинг стратегии од светски бреднови.

Кевин Хувер : Ти благодарам за понудата и тебе што те познавам лично, и многу ми е чест да бидам дел и да допринесам за студентите на Вашата Академија за Маркетинг и ПР.

Аријана Коскарова: Од каде идејата за отворање на ресторан? 

Кевин Хувер: Пепси е секогаш насочен кон тоа да им пренесе искуство на клиентите на еден иновативен начин. Отворањето на ресторан од нашиот маркетинг буџет е само еден дел да вложиме во тоа исксутво. 

Аријана Коскарова: Со отворањето на ресторан, магазинот Тајмс посочи дека сакате да им се доближите на "идните генерации". Кое е Вашето видување на тоа?

Кевин Хувер: Луѓето ќе го сакаат вашиот бренд затоашто тој бренд создава исуство, но истовремено не сакаат да го гледаат истиот тој бренд цело време. 

Начинот на кој ќе зборува вашиот бренд со нив токму треба да го долови тоа. Да биде едноставен, елегантен, забавен. А каде е подобро место за тоа искуство од еден модерен lounge bar?

Аријана Коскарова: Она што ми остави впечаток мене кога бев во Kola House е дека нигде неможеше да се забележи ни една реклама на Пепси. Дури и да неможе да се препознае дека станува збор за ресторан кој е во сопственост на Пепси. Да не ми кажеше ти можеби немаше ни да помислам. 

Кевин Хувер: Како што реков, луѓето не сакаат да го гледаат вашиот бренд цело време. Ако ставиме Пепси знаци на секој чекор луѓето ќе помислат дека станува збор за Музеј на Пепси, а не за модерен ресторан. Сепак, ќе те поправам, во Kola House, сепак имаме едно место, кое потсетува на Пепси. Но нема да откријам ќе оставам на Вашите читатели да го посетат Kola House ,  и да го пронајдат тој детал сами.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет