fake panerai watches Како „Покемон Гои“ делува на здравјето?
02 Мај, 2024
0.0242

Како „Покемон Гои“ делува на здравјето?

Објавено во: Стил 22 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Дознајте на кој начин најпопуларната мобилна игра делува врз психичкото и физичкото здравје на оние што ја играат, пишува pharmanews.mk.

„Покемон Гоу“ – Pokémon GO е во моментов најпопуларната игра на мобилен телефон, базирана на играта „Покемон“ од 1995 година. Иако излезе пред една недела, играта доминира со животите на многумина и веќе постојат милиони корисници и зависници од целиот свет. Мобилната апликација со помош на GPS и пристап на интернет, лоцира карактери од играта во реалниот свет, со помош на вклучена камера. Покемони се ловат насекаде, во дворови, кафулиња, цркви, а во Босна и во мински полиња. Со цел да се стекнат поени, покемон карактерите треба да се фатат од страна на играчите, односно таканаречените тренери.

Иако играта постои кратко време, многу корисници на социјалните мрежи споделуваат лични искуства и тврдат дека играта им овозможува да го подобрат своето психичко здравје, во прв ред, им помага при чувството на депресија и социјална анксиозност.

Добро познато е дека вежбањето помага при депресија и го подобрува психичкото здравје, но депресивната личност тешко се мотивира да вежба. Оваа игра, лесно мотивира, па така, на забавен начин помага при овие состојби. Психологот Џон М. Грохол – John M. Grohol, смета дека играта позитивно делува на луѓето бидејќи ги поттикнува да излезат надвор и да пешачат, наместо да седат дома. Не само што пешачат, туку и директно комуницираат со другите играчи. Играта овозможува корисниците физички да ја истражат околината и им помага на оние со интровертен карактер.

Професорот Мет Хофман – Matt Hoffman, clinical assistant professor – Texas A&M College of Nursing, веќе познат како „Професор Покемон“ истакнува дека оваа игра има мноштво позитивни здравствени придобивки. Тој смета дека играта овозможува социјална интеракција и зголемување на чувството на припадност, како и зголемена физичка активност. Исто така, тој вели дека играта го намалува генерацискиот јаз при користењето на технологијата со тоа што голем број на семејства поминуваат повеќе време заедно и дружејќи се, барајќи покемони. Засега, стручните лица се согласуваат дека играта промовира здраво однесување и овозможува поголема грижа кон себе, но таа не е помош или лек.