03 Мај, 2024
0.0264

Како работат хотелите на Метропол пред летната сезона?

Објавено во: Економија 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Групацијата на хотелите Метропол од Охрид најави дека во 2017-та очекува раст на бројот на ноќевања, како и поголеми приходи од 10% бидејќи на такво нешто укажуваат зголемениот број на резервации. Од тогаш поминаа повеќе месеци, а компанијата го објави и првиот финансиски неконсолидиран извештај на Македонската берза, па бидејќи немаме информации кои се бизниси се вклучени, ќе ги анализираме податоците кои ни се сега на располагање.

Хотели Метропол за првите три месеци од 2017-та навистина има раст на приходите за речиси два милиони денари и тие вкупно изнесуваат 7.877.000 денари. Додека оперативата е во позитива, пад има кај финансиските приходи овој квартал во однос на истиот период лани и сега имаат заработено 43.000 денари од вложувања, заеми, камати и курсни разлики. 

На расходната страна Хотели Метропол трошат многу за „оперативата“, па така редовните трошоци за  за суровини и други материјали, материјални трошоци и давачките за вработените изнесуваат околу 21 милион денари. Добро е што истите не се драстично зголемени во однос на претходниот квартал. 

Поради ваквиот вид на активности Хотели Метропол единствено успеале да ја намалат загубата за овој период кога туристичката сезона е далеку од полн ек и единствено позабележителен промет има за време на Божиќните празници. Хотели Метропол овој квартал го завршуваат со загуба од 14.082.000 денари или 1 милион денари подобро од лани. 

Во состав на групацијата има три хотели и тоа „Метропол“, „Белви“ и „Турист“, сите сместени покрај Охридското езеро. Хотелите се опремени со конференциски сали, ресторан и бар, спортско рекреативни центри, и спа центри. Главен акционер на Хотелите Метропол е компанијата Фершпед АД Скопје. Трите хотели заедно имаат 366 соби со четири ѕвездички.

Во образложението кое Хотели Метропол го даваат за финансиските резултати се наведува дека сепак, се остварени 3580 ноќевања што е раст за 1.38%, додека вкупниот приход бележи раст од 1.13% во однос на истиот период во 2016-та. 

Доколку Хотели Метропол планира да го оствари посакуваниот раст од 10% ќе мора навистина да се потруди во екот на летната туристичка сезона во Охрид кога ќе добиеме пореална слика за нивната успешност во работењето.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски