03 Мај, 2024
0.0252

Како работат осигурителните компании во корона услови?

Објавено во: Економија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Корона кризата немаше силно негативно влијание врз работата на осигурителните компании во првите девет месеци. Официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување покажуваат дека за малку се пониски приходите на компаниите во делот на автомобилското осигурување поточно има пад на приходи од „зелената карта“ заради ограничувањата за патувања , но затоа пак силно расте здравственото осигурување. Компаниите кои продаваат полиси за животно осигурување годинава имаат поголеми приходи од лани

Осигурениците во земјава за првите девет месеци вложиле повеќе од 131 милиони евра во купување осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување, покажуваат официјалните податоци што ги објави националната Агенција за супервизија на осигурување (АСО), регулаторното тело во областа на животното и неживотното осигурување.

Споредбата на податоците покажува дека „корона кризата“ која силно се ефектуира врз економските текови има само мало и речиси незабележливо влијание врз осигурителниот сектор.

Податоците покажуваат дека до крајот на септември годинава компаниите кои од животно и неживотно осигурување од продажба на полиси инкасирале вкупно 122,2 милиони евра. Од тоа приходите од продажба на полиси (бруто полисирана премија) на 11 друштва од фелата на неживотно осигурување изнесува 103 милиони евра. Во споредба со истиот период лани тоа е намалување за 6,9 милиони евра што е минимален пад особено со оглед на тоа дека корона кризата е активна веќе шест месеци од кои два месеци имавме карантински услови, полициски час кои продуцираа бројни ограничувања во целата економија.

Кај друштвата кои работат со животно осигурување продажбата на полиси годинава пораснала во споредба со истиот период лани. Таа на крај на сепмтеври годинава изнесува 19,2 милиони евра што е за 1,5 милиони евра повеќе од истиот период лани кога приходите од бруто полисираната премија изнесувале 17,7 милиони евра.

Структура на приходи од полиси по класи на осигурување

Структурата по класи на осигурување (кај неживотното осигурување) очекувано покажува дека најмногу се купува задолжителното осигурување односно популарно нареченото „автомобилско“ осигурување. За првите девет месеци годинава од таа класа осигурување се инкасирани 50 милиони евра, а лани 6 милиони евра повеќе.


Втора најпродавана класа полиси се останатото осигурување имот со 14,6 милиони евра, пред каско осигурувањето на моторни возила и осигурувањето на имот од пожар и други опасности со по 10 милиони евра. Од осигурување незгоди компаниите од неживотното осигурување инкасирале 8,8 милиони евра, а здравственото осигурување носи приход од 3,6 милиони евра и тоа е за 865.000 евра повеќе од истиот период лани.

Во овој период 11 компании од областа на неживотно осигурување во техничка премија предале 75 милиони евра, а за дејноста се артикулирани 28 милиони евра. Во реосигурување се алоцирани 22,5 милиони евра.

Кај петте компании од дејноста „животно“ осигурување во техничка премија се пренесени 13,85 милиони евра, а за обавување на дејноста на компаниите се алоцирани 5,4 милиони евра.

За првите девет месеци годинава вкупно сите 16 осигурителни компании склучиле вкупно 872.659 договори со клиенти. Од тоа на животно осигурување отпаѓаат 14.508 полиси, а на класите од неживотно осигурување 858.151 договор.

За девет месеци бруто исплатени штети вредни 44,7 милиони евра. Официјалните податоци покажуваат дека компаниите кои осигуруваат неживот за првите девет месеци исплатиле 40,1 милиони евра бруто штети, а друштвата кои осигуруваат живот исплатиле 4,6 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен