06 Мај, 2024
0.0240

Како работи најстарата македонска автомобилска компанија?

Објавено во: Економија 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на пандемија од корона вирус „Аутомакедонија“ успева да одржи солидно ниво на продажби од 5,5 милиони евра и завидно ниво на оперативна добивка која која во споредна со истиот период лани е пониска само за 7 отсто.

Приходи од 5,5 милиони евра за добивка од 247.000 евра за првите девет месеци годинава, ова е финансискиот резултат на реномираната „Аутомакедонија“ најстарата автомобилска компанија во нашата земја, формирана во далечната 1947 година, покажуваат податоците од консолидираниот биланс на успех на оваа компанија.

Со оглед на отежнатите услови на делување кои се последица на негативните влијанија на здравствената криза предизвиката од корона вирусот овој резултат воопшто не е за потценување, туку напротив е сосема солиден. Особено ако се потсетиме дека деловните операции на многу компании беа во „мораториум“ цели два месеци, а во целиот период од средината на март досега работењето е отежнато и ограничено заради здравствената криза.

Оперативните приходи на друштвото за девет месеци изнесуваат 5,77 милиони евра и во споредба со лани приходот книжи намалување од 23 отсто. Приходите од продажба изнесуваат 5,5 милиони евра и тие се остварени на домашниот пазар. Оперативните расходи за девет месеци изнесуваат 5,4 милиони евра и тие се за 27 отсто пониски од истите во овој период лани. Најголемо снижување на расходната страна имало кај најголемата расходна ставка „набавната вредност на трговските стоки“. Трошокот изнесува 3,1 милиони евра и во однос на лани е понизок за 1,84 милиони евра. Втор по големина е трошокот за вработените кој е речиси идентичен како лани и изнесува над 1 милион евра. Оперативната добивка на друштвото за овој период изнесува 369.000 евра што е само за 7 отсто послаб резултат од лани. И за ова треба да се издаде признание на менаџментот и на раководниот кадар затоа што се покажала како ефикасна и ефективна стратегијата за оптимизација на ресурсите во услови на намален обем на работење предивикан од корона кризата.

Нето добивката на „Аутомакедонија“ во консолидираниот биланс на успех изнесува 247.000 евра и тоа е за само 15 отсто послаб резултат од лани кога имало нормални услови за работење.

Што работи „Аутомакедонија“

„Кор бизнис“ на компанијата со децении наназад е продажбата на нови патнички, товарни возила и автобуси како и сервисирање на возила во нивните високопрофесионални сервисни центри. Од авотмобилските корпорации „Аутомакедонија“ на нашиот пазар ги претставува возилата од гамите на „Опел“, „СангЈонг“, „Исузу“ и „Пјаџо“.

„Аутомакедонија“ ја проширува својата дејност и преку фирми ќерки нуди услуги за технички прегледи на возила преку друштвото „АМ ЦЕРТ“, продава полиси за осигурување преку „АМ Брокер“ има рентакар компанија „„Ауто1 Рент“ и располага со сообраќаен испитен центар СИЦ АМ Битола за територијата на оптшините Битола и Прилеп.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години