26 Април, 2024
0.0427

Како Вајгл ја коментира изјавата на Дачиќ за Македонија?

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Односите на Србија со соседите, со Босна и Херцеговина, со Хрватска, Косово и Македонија тешко можат да се опишат како прифатливи. 

Ова е ставот на словенечкиот европратеник и известувач за Македонија, Иво Вајгл. 

Тој ја потенцираше изјавата на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ за признавањето на Македонија под уставното име од страна на Србија и порача дека ваквото однесување на Србија мора да биде запрено.

„Србија имаше конфликт и со Македонија, во однос на она што вицепремиерот Дачиќ го кажа за признавањето на Македонија под нејзиното историско име. Овие изјави навистина не се добредојдени. Ваквиот дискурс, ваквата реторика имаше големо ехо во регионот“- изјави Вајгл.

Во интервју за агенцијата БЕТА,  Дачиќ изјави дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го призна Косово и го поддржува неговото членство во УНЕСКО. Дачиќ вели дека Белград во билатералните односи со Скопје и понатаму ќе го користи уставното име на Македонија, но дека мултилатерално ќе го користи името кое се употребува во ЕУ и Обединети нации – Поранешна југословенска Република Македонија.

На ова реагираа од македонското МНР од каде порачаа дека политичарите треба да ги продлабочуваат историските односи меѓу Македонија и Србија или барем да преземат одговорност да не го рушат пријателството кое постои меѓу двете земји и двата народа. Додаваат дека ова треба да важи и во услови кога е очигледно дека се загрева атмосферата за следното гласање за влез на Косово во УНЕСКО.

Дачиќ потоа изјави дека се согласува дека не треба да се руши пријателството помеѓу Србија и Македонија и дека тој лично многу придонел за развој на тие пријателски односи, но дека гласањето против српските национални интереси,  го руши тоа пријателство.

Ставовите на Дачиќ наидоа на одобрување во соседна Грција. 

Во Србија аналитичарите коментираа дека Дачиќ на Македонија и се заканува со празна пушка. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“