Каков е сообраќајот надвор од градските средини и на граничните премини?
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2017
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, стои во соопштението на АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
На 05.06.2017 година од 17:00 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во прекин кај с.Порој поради излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.