03 Мај, 2024
0.0271

Какви станови бараат Македонците?

Објавено во: Економија 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Просечната големина на становите изградени лани во земјава изнесува 61,5 квадратни метри, а скоп­ска­та оп­шти­на Ае­род­ром со за­вр­ше­ни 1.001 ста­н бе­ше нај­го­ле­мо­то гра­ди­лиш­те на кое ра­бо­теа фир­ми­те што се за­ни­ма­ва­ат со ин­вес­ти­ции во стан­бе­ни­от сек­тор. Статистичките податоци за станбената изградба покажуваат дека македонските граѓани при решавање на станбеното прашање интересот го насочуваат кон двособни и трособни станови, кои имаат барем една спална соба. Овие желби на купувачите го следат и градежните компании, па и тие најчесто градат згради со токму вакви станови.

Спо­ред по­да­то­ци­те од Др­жав­ни­от за­вод за ста­тис­ти­ка, во 2016 година градежните фирми завршиле 3.483 стана, а уште 2.709 стана се изградени во индивидуална режија, односно вкупно 6.192 стана. Од нив, нај­го­лем дел или 2.061 стана се тро­соб­ни, а 1.752 се двособни. Да­ле­ку зад нив се чет­во­ро­соб­ни­те (973) и гарсонерите и ед­но­соб­ни­те (774) ста­но­ви. Македонските ку­пу­ва­чи ба­ра­ат и по­ком­фор­ни жи­ве­а­лиш­та со го­ле­ма квад­ра­ту­ра, па ла­ни се из­гра­де­ни и 399 пет­то­соб­ни, 168 шес­то­соб­ни, 44 сед­мо­соб­ни и 21 ста­н со осум и по­ве­ќе соби.

Во скопската агенција за недвижности „Левел 7“ велат дека најбарани се гарсоњерите и двособните станови чија што површина се движи помеѓу 35- 42 квадратни метри и коишто располагаат со посебна спална соба или нудат можност за адаптација и изведба на дополнителна спална соба.

- Потоа следат становите со површина од 55 квадрати до 65 квадрати со две спални соби т.е трособни станови кои се со помала површина од стандардната, но го содржат потребниот број на спални соби и во целост ги задоволуваат потребите на современото живеење во урбани средини и секако се поприфалтиви поради ограничената куповна моќ на клиентите. Становите со површина помеѓу 80 и 100 квадратни метри се исто така барани, но во нешто помал број и тоа се најчесто побарувања од клиентите за станови кои располагаат со три спални соби, задолжителен паркинг простор и атрактивна локација- вели Игор Панчевски, менаџер во агенцијата „Левел 7“.

За становите поголеми од 100 квадрати, како што укажува Панчевски, побарувачката во последните неколку години за разлика од претходно е значително намалена и речиси и да нема клиенти кои би инвестирале во купување на ваков тип на станови.

Скоп­ски­от ре­ги­он, во­о­би­ча­е­но, е глав­на цел на гра­деж­на­та офан­зи­ва на ин­вес­ти­то­ри­те што гра­дат згра­ди за до­му­ва­ње. Тука лани се за­вр­ше­ни 2.077 ста­на, а половина од нив се во општина Ае­род­ром или 1.001 ста­н. Сле­ду­ва­ат Kар­пош со 323 за­вр­ше­ни ста­на, Цен­тар со 332 и Кисела Вода со 245 го­то­ви ста­на.

Токму овие локации се и најбарани од клиентите на агенциите за недвижности. Нашата анкета во неколку од нив покажа дека, без сомнение, Скопје е најатрактивен град за купување стан, а далеку зад него е Охрид. За другите градови, речиси и да нема интерес, освен локални продажби.

- Што се однесува до локациите, најатрактивни за купување се сеуште становите коишто се наоѓаат во скопските населби Карпош, Аеродром и секако Центар- вели Панчевски.

По­да­то­ци­те од Др­жав­ни­от за­вод за ста­тис­ти­ка, по­ка­жу­ва­ат де­ка по Скоп­је, нај­мно­гу завршени стан­бе­ни еди­ни­ци има во Стру­ми­ца (449) и во Штип (211).

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија