Какво е мислењето на Заев за одлуките за оставки на членови на Aнтикорупциска?
Објавено во: Македонија 06 Март, 2018
Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на дел
членовите од Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) да поднесат
оставки.
„Можеме да ги ослободиме институциите доколку бидеме транспарентни, отчетни и
доколку преземеме одговорност, макар и етичка. Убеден сум дека на Македонија и
треба сериозна Антикорупциска комисија, која ќе почива на сите потребни
меѓународни пракси и ќе биде будното око на следење на извршната власт и на се
што има допир со народните пари“, изјави Заев.
Тој додаде дека потребна е таква институција која што ќе биде еден од најголемите коректори на слабостите во системот и севкупната определба за борба против корупцијата.
„Ги поздравувам исчекорите, заради тоа што не и е лесно на која било личност или поединец да поднесе оставка заради тоа што била прозвана од јавноста. Ние можеме да ги ослободиме институциите ако бидеме транспарентни, отчетни и ако понесеме одговорност, па макар било тоа и етички“, рече Заев.