Какво ќе биде времето за викендов?
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Времето денеска ќе биде врнежливо, особено попладне и во вечерните часови, кога е можно врнежите да станат и пообилни.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје и во околината се очекува слично време, со поинтензивни врнежи во вечерните часови.
Минималната температура ќе изнесува 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
За време на викендот нè очекува стабилно време. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а в недела ќе биде сончево со умерена облачност и малку потопло.
Во понеделник и вторник ќе следи нова дестабилизација на времето и се очекува умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд со дневни температури кои ќе достигнат од 13 до 23 степени во понеделник, односно од 10 до 20 степени во вторник.