Канцероген хербицид откриен во неколку вида на пиво и вино
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2019
Хербицид е откриен во неколку водечки брендови на пиво и вино, вклучувајќи Coors Light, Budweiser и Beringer.
Трагите на „контроверзниот убиец“ се откриени во голем број светски водечки брендови за пиво и вино, тврди новиот извештај.
Во една студија на US PIRG, која тестираше пет вина и 15 пива, вклучувајќи ги и органските, хемискиот глифосат беше пронајден кај сите, освен во еден од примероците од пијалаци.
Глифосат - најчестиот хербицид во светот е веројатно канцероген за човекот, според Меѓународната агенција за истражување на ракот, дел од Светската здравствена организација.
Резултатите се причина за одреден степен на загриженост кај јавноста.
Највисоката концентрација на глифосат била пронајдена во Sutter Home merlot, објави Дејли Мејл.