27 Април, 2024
0.0283

Каракачанов: Можеме да и помогнеме на Македонија со експертски поглед на одбраната

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерите за одбрана Красимир Каракачанов на соседна Бугарија и Радмила Шеќеринска, вицепремиер и министер за одбрана на Македонија остварија средба. 

Каракачанов е во еднодневна официјална посета на Македонија. 

„Нашата земја постојано го поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија“, рече бугарскиот министер за одбрана за време на разговорите. 

„Искрено се надеваме Република Македонија ќе успее што е можно поскоро да постигне остварливо решение за прашањето со името што ќе отвори нова страница во односите како по линија на НАТО, така и на ЕУ“, истакна министерот Каракачанов посочувајќи дека Бугарија целосно го поддржува Членството на Македонија во НАТО. 

„Подготвени сме да помогнеме во политичките и практичните насоки во кои земјата има потреба од дополнителна поддршка“, рече уште Каракачанов, соопштија од Министерството за одбрана.

За време на состанокот, двајцата министри разговарале за прашањата на билатералната одбранбена соработка. Каракачанов истакнал дека нивни експерти можат да помогнат во изготвување на стратешки преглед на одбрана на Македонија. Беа разгледани и можностите за обука на македонски војници во бугарски воено училишни установи, како и подготовка и квалификација на војници од различни генерички и специјални сили на Армијата на Република Македонија.

 Посебно внимание беше посветено на прашањата поврзани со логистиката на Армијата на Република Македонија. Во текот на разговорите Каракачанов изјавил дека за Бугарија е важно задржувањето на воено-историското наследство и минатото и почитта кон загинатите не треба да ги дели двете држави, туку да ги обединува.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“