Касами: Хан и дава поддршка на новата Влада
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017
По завршување на средбата со европскиот комесар, Билал Касами од движењето БЕСА потенцираше дека Јоханес Хан и дал поддршка на опцијата за формирање на Влада за која има 67 пратеници.
Еврокомесарот и тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, даваат поддршка за излез од кризата и бараат да гледаме повеќе кон иднината на државата отколку за личниот интерес, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, по средбата со бриселската четворка.
„Денеска имавме уште една посета на еврокомесарот Јоханес Хан која ѝ е неопходна на Македонија во ситуацијата во која се наоѓа. Членовите на делегацијата ја даваат поддршката за да излеземе од кризата. Во овој правец работи и Беса, не гледајќи на личниот интерес затоа што сè уште има сили во Македонија кои сакаат да нè турнат во меѓуетничка криза, што е многу лошо за земјата“ – изјави Касами.
Тој нагласува дека не постои никаква „тиранска платформа“ туку декларација.