КАТАЛОНЦИТЕ ОДЛУЧИЈА: Oва е датумот на кој ќе прогласат независност
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2017
Каталонските лидери го соопштија датумот кога ќе прогласат независност.
Велат дека ќе прогласат независност од Шпанија на 9 месецов, откако Мадрид го одби барањето на претседателот на Каталонија за посредство во решавањето на кризата. Најавено е дека декларацијата ќе следува по седницата на парламентот на Каталонија на која треба да биде потврден резултатот од референдумот за независност што официјален Мадрид го смета за незаконски.
Шпанската влада претходно го одби повикот на каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон да прифати посредување во кризата. „
Доколку господин Пучдемон сака да разговара и преговара или да испрати посредници, добро знае што треба да направи, да се врати на патот на законот кој никогаш не требаше да го напушти“- соопшти владата во Мадрид.
Пучдемон рече дека владата е неодговорна поради одбивањето на посредството во решавањето на кризата.
Претходно и кралот Фелипе се обрати до јавноста и за Каталонија рече дека го скршила соживотот и покажала нелојалност.