Каталонија го скара шпанскиот премиер Рахој со белгискиот колега
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2017
Шпанскиот премиер Мариано Рахој се налути на белискиот колега Шарл Мишел.
Причина се изјавите на белгискиот премиер за Каталонија. Мишел го налути Рахој со две изјави. Првата беше на денот на гласањето во Каталонија на 1 октомври кога Мадрид прати полиција во Каталонија за да го спречи одржувањето на референдумот за независност.
Мишел на Твитер остро го осуди насилството на шпанската полиција што не му се допадна на Рахој. Освен тоа, Мишел беше првиот премиер, но и единствениот од ЕУ што јасно го осуди насилството.
Амбасадорот на Белгија во Мадрид бил повикан кај шпанскиот премиер каде што му било речено дека изјавите на премиерот се неприфатливи. Според Рахој, Белгија не смее на исто рамниште да ги става Мадрид и регионот Каталонија, а шпанската влада е изненадена што не слушнала Белгија да ја повика Каталонија да го почитува шпанскиот Устав.
Мадрид се закани дека ваквото однесување нема да остане без последици. Според медиумите во Белгија, заканата се однесува на кандидатурата на една Белгијка за директорското место во Европол. Кандидатурата Мадрид нема да ја поддржи.