Казнети 90 диви тезгаџии околу Зелено пазарче со 150 евра
Објавено во: Македонија 17 Март, 2023
Секторот за инспекциски работи од Општина Центар во изминатите месец дека напишал 90 канзи од 150 евра за нелегалните препродавачи во околината на Зелениот пазар во заеднички контроли на комуналните инспектори и редари заедно со припадниците на МВР.
„Инспекциските контроли на нелегалните препродавачи веќе даваат конкретни резултати. Ги нема расфрланите отпадоци, ослободени се јавните површини и граѓаните можат слободно да се движат и да си ги завршуваат секојдневните обврски. Жителите од нас бараат да се справиме со препродавачите, тоа го дискутиравме и на средбите со граѓани, го дискутиравме и со раководството на ‘Скопски пазар’ и мислам дека сме на добар пат кон конечно решение. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, сѐ до конечно менување на навиките на препродавачите“, изјави Герасимовски.
Санкционирани се лица кои што препродаваат производи на зелена површина, пред зградите и на тротоарите околу пазарот. Прекршочни платни налози согласно Законот за јавна чистота. се издадени по пријава од локалните жители.
Герасимовски најавува дека засилените инспекциски контроли на комуналната инспекција ќе продолжат и во наредниот период, на повеќе локации во Општина Центар.