02 Мај, 2024
0.0244

Ќе бидете побогати, посреќни и поздрави ако им кажете „не“ на овие работи!

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Да одбиете нешто или некој, да кажете „не“, е вештина која е потребна за постигнување на успех. Кога еднаш ќе ја совладате, вашата продуктивност ќе порасне, вашите приоритети ќе се искристализираат, а ќе ослободите и време за луѓето и проекти кои ви е далеку поважни.

Претприемачот Џејсм Алтучер во својата нова книга насловена: ’The Power of No: Because One Little Word Can Bring Health, Abundance, and Happiness’ вели дека не само што треба да им кажете „не“ на поедини работи, туку на целокупните категории деструктивни искуства и луѓе.

Ова се штетни влијанија во вашите животи и време е да научите да ги запрете:

1.Притисок на околината:

Алтучер пишува: „Кога бевме деца, не учеа да бидеме добри и љубезни, и да кажуваме „да“ во сите ситуации. Ова не доведе да подлегнуваме на притисок од колеги, институцции, шефови, пријатели, и семејство, да ја задоволиме нивната потреба.“ Би требало да бидете љубезни, ама не дозволувајте други да ве газат. Алтучер советува да, кога забележите и прифатите некој врз вас да врши притисок, одредете ја границата преку која нема да прејдете и цврто и се прдржувајте.

2.Негативни мисли

Многу луѓе се далеку построги кон себе отколку кон другите. Под итно би требало да престанете да се опседнувате со негативни мисли, кога тоа се случи, едноставно помислете на нешто друго што ќе ви го сврти вниманието.

3.Љубомора

Тешко дека некогаш во целост ќе можете да и кажете „не“ на љубомората, но можете да најдете начин да ја ставите во вистинска перспектива. „Њубомората ви покажува што се случува внатре во вас. Таа никогаш нема врска со друга личност“, пишува Алтучер. Искоритсте ја љубомората како би можеле да си разјасните на себе што е тоа што всушност го сакате или од што се плашите.

4. Паника

Алтучер признава дека тој е еден од оние луѓе кои се будат во три ноќта загрижени за исходот од наредниот ден. Со паника не постигнувате ништо. Тој вели: „Кога погледнам назад, сфаќам дека ништо што предвидев во три по полноќ, утрото не се ни случило“.

5.Немање среќа

Кога немате среќа, тоа нема врска ниту со клетва, туку со пристапот на животот и недопуштање да ви се случи таа самата, во целост со пружената шанса.

6.Енергетски вампири

Секој во животот има луѓе кои го поддржуваат и оние кои ги влечат на дно. Што порано одредете кој му припаѓа на тој табор и во однос на тоа поминувајте го вашете време со нив. Односно кажете им „не“ на негативните луѓе.

7. Себичност

Да се биде секогас „јас“ на прво место е погрешен пат кон успехот. Луѓето кои имаат навистина остварени животи се мотивирани со фактот дека можат да направат нешто за другиот. Кажете и „не“ на суровоста. Алтучер советува да се обидете со една помалку морбидна вежба, пробајте да се однесувате со луѓето како тоа да е нивнот последен ден во животот, и погледнете што ќе се случи.