КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?
Објавено во: Економија 07 Мај, 2024
Kaко што пишува Нови лист, значително зголемување на платите имаше во Хрватска и готвачите и келнерите ретко добиваат плата под 1.500 до 2.000 евра. Само, се чини дека и тоа не е доволно за привлекување домашна работна сила. Причината за тоа е што некои од конкурентските земји, како Австрија, даваат и до двојно повеќе пари за истата работа. Токму затоа деновиве дојде до брзо, некои дури и коментираа панично, проширување на примената на Колективниот договор во угостителството, со што се зголемува минималната плата за сите вработени во дејностите обезбедување сместување и подготовка и послужување храна од во просек 17 проценти.
Минималната плата се приближува до износот од 900 евра. Овој нов Колективен договор ќе важи до крајот на 2025 година, информира Н1.foto freepik.com/Drazen Zigic