04 Мај, 2024
0.0327

КЕНТАУР-ДАЛИ ПОБРЗО СЕ ШИРИ И ДАЛИ ГО ИЗБЕГНУВА ИМУНИТЕТОТ: Некои земји почнаа да ги враќаат мерките

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Во Македонија веќе има над 2.000 активни случаи на корона вирусот по големиот скок на бројот на новозаразени со Ковид-19, а Комисијата за заразни болести веќе најави дека утре ќе има состанок на којшто ќе се дискутира за епидемиолошката состојба. Засега нема најави за враќање на антиковид мерките, иако експертската јавност, посебно во Европа е загрижена за ширењето на новата субваријанта на Омикрон, односно за појавата на Кентаур кој во Индија станува доминантен, а оттаму се префрли и на европско тло.

Во разговор за Фактор, проф. д-р Никола Пановски вели дека се уште нема ништо конкретно во однос на тоа колку побрзо се шири оваа подваријанта и колку успешно го заобиколува имунитетот.

-Нема нешто дефинитивно кога станува збор за новата субваријанта на Омикорн. Се уште не може да се каже дали Кентаурот побрзо се шири и дали го заобиколува стекнатиот имунитет. Но, во моментов оваа подваријанта е „од интерес“, односно се следи. Нема индиции во однос на тоа дека ќе направи сериозни проблеми како што беше делта варијантата, која исто така дојде од Индија. Кентаур таму станува доминантен, бидејќи субваријантата БА.5 не успеа да се рашири во големи размери. Инаку, кај нас смртноста во моментов е под еден промил, додека во Кина и во Австралија на пример, каде што имаше најстроги локдауни, смртноста од Ковид е многу поголема, вирусот си го наплати своето. Едноставно немаат имунитет, вакцините се покажаа како неефикасни, односно не го спречуваат заразувањето, не го спречуваат ширењето на болеста. А таму процентот на вакцинирани е дури 97 отсто, посочува микробиологот Пановски.

Напоменува дека растот на бројот на новозаразени е актуелен бран на корона вирусот, но оценува дека се додека нема притисок на здравствениот систем, нема место за паника.

-Сите мерки се воведуваат за да нема пренатрупаност во болниците, за да неа силен товар врз здравствените капацитети, за да се израмни епидемиолошката крива. Во моментов тоа го немаме и далеку сме од притисок. Искрено се надевам дека вака ќе остане. Новите варијанти толку брзо се шират, што не верувам дека која било од нив ќе успее до толкава мера да ги истисне останатите и да стане доминантна и повторно да направи хаос, вели професорот Пановски.

Инаку, соседството веќе се подготвува за новиот бран на вирусот. Бугарските здравствени власти најавија дека од понеделник се враќа носењето на маските. Според главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на Ковид-19 и варијанта на вирус која се шири многу побрзо, со што мора да бидат подготвени за секоја ситуација. Бројките енормно големи и во Албанија и во Грција. Во соседна Србија, пак, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ истакна дека таму се уште доминира БА 5 субваријантата и тоа над 70-80 проценти.

-Загриженоста полека расте, треба да се биде многу внимателен и сериозен. Носење маска внатре и на отворено ако е невозможно да се држи растојание. Ова важи за сите, но пред се за тешките хронични пациенти и оние со намален имунитет - вели Тиодоровиќ.

Светската здравствена организација посочува дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две и пол години откако првпат беше прогласена.

– Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи“, се вели во соопштението на одборот на СЗО.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом порача дека Ковид-19 е далеку од завршен. Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме, додаде тој.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра